• петок, 20 декември 2024

На Палестинците од Западниот Брег ќе им биде дозволено да дојдат во Ерусалим за Рамазан

На Палестинците од Западниот Брег ќе им биде дозволено да дојдат во Ерусалим за Рамазан

Тел Авив, 8 март 2024 (МИА) - Израел денеска соопшти дека ќе им дозволи на Палестинците од окупираниот Западен Брег да дојдат во Ерусалим и да се молат во џамијата Ал Акса за време на светиот муслимански месец на постот Рамазан.

Палестинците од окупираната територија не можеа да го посетат Ерусалим поради ограничувањата на патувањата, што ги воведе Владата на Израел веднаш по нападот на Хамас на јужна израелска територија на 7 октомври, по што започна војната во Појасот Газа.

Денешната вест ја потврди Одделот за координација на владините активности на териториите при Министерството за одбрана, задолжен за палестинските цивилни прашања. Сепак, не е кажано кои ограничувања ќе останат на сила.

Се очекува Рамазан да почне во недела вечер. рп/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан