• сабота, 16 ноември 2024

На Нов Зеланд основана продавница во која се е бесплатно

На Нов Зеланд основана продавница во која се е бесплатно

Велингтон, 1 април 2021 (МИА) - На Нов Зеланд работи „социјална продавница“ или „банка за храна“, покрената од градската организација „Мисија на Велингтон сити“, основана во 1904 година, со цел да се задоволат потребите на локалното население.
Идејата за основање ваква продавница произлезе од потребата за поддршка на заедницата преку обезбедување пристап до храна и можност луѓето да изберат што сакаат. Исто така, се планира проширување на мрежата на вакви продавници во наредниот период. Со цел да се реализира можноста за купување во оваа продавница, сите заинтересирани треба да контактираат со организацијата, за да објаснат во каква ситуација се наоѓаат и зошто им е потребна ваква помош. Потоа, тие добиваат термин кога можат да одат да пазарат. Наместо цени, артиклите во продавницата се означени со поени од 1 до 5, каде што 1 поен се најевтините намирници, додека 5 поени вредат намирници кои инаку чинат повеќе од 10 долари. Во зависност од ситуацијата во која се наоѓа лицето, организацијата одлучува колку поени за набавка ќе им бидат доделени. На пример, возрасно лице со слободен брачен статус би добило околу 55 поени, додека семејствата многу повеќе. На овој начин, социјално загрозените лица не добиваат готов пакет храна, туку сами одлучуваат што да купат и како да управуваат со својот буџет. Во продавницата има околу 3.000 производи, освен алкохол и цигари. Социјалната продавница има поддршка од големи супермаркети. паг/
 

Остани поврзан