• недела, 24 ноември 2024

На МТФ “Војдан Чернодрински“ во Прилеп ден посветен на Горан Стефановски

На МТФ “Војдан Чернодрински“ во Прилеп ден посветен на Горан Стефановски

Прилеп, 9 јуни 2024 (МИА) -  Денешниот ден на 58. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ што се одржува во Прилеп е богат со настани и е посветен на Горан Стефановски, еден од најзначајните автори, професори, театарски уметници. Стефановски годинава на Фестивалот е автор во Фокусот.

Во фоајето од Центарот за култура „Марко Цепенков“ од 13 часот ќе биде презентацијата на фондацијата „Горан Стефановски“ од Факултетот за драмски уметноски од Скопје, како и на наградата „Горан Стефановски“ на Драмски театар. Во 14 часот ќе биде претставен и Самоглас со аудиодрами на Стефановски, а вечер од 18,30 часот е презентацијата на филм за големиот автор.

Во рамките на Фестивалот, од 10 часот е Детската зона на платото пред Градскиот саат, а истовремено, во прилепското кино „Мис Стон“ е „Чернодрински за деца“.

Напладне, во Центарот за култура „Марко Цепенков“ се разговорите на тркалезната маса за синоќешната претстава на МНТ „Иванов“ од Чехов во режија на Зоја Бузалковска.

Вечер, во официјалната фестивалска програма,  од 20 часот во големата сала од Центарот за култура „Марко Цепенков“ публиката ќе може да ја види  третата претстава во конкуренцијата за награди, претставата „Црна Дупка“ од Горан Стефановски  во режија на Љупчо Ѓоргиевски, а во продукција на Центарот за култура „Антон Панов“ од Струмица.

Богатиот фестивалски ден ќе се заокружи вечер од 22 часот со дипломската претстава „Црна Дупка“ од студентите на ФДУ од Скопје. Претставата е во прилепскиот народен театар „Војдан Чернодрински“. ем/сст/

Фото извор МИА

 

Остани поврзан