• понеделник, 24 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

На местото на руинираната зграда на стариот суд ќе се гради Митрополија на Струмичката епархија

На местото на руинираната зграда на стариот суд ќе се гради Митрополија на Струмичката епархија

Струмица, 25 февруари 2025 (МИА) - На местото на зградата на Стариот суд, којашто е во руинирана состојба, ќе се гради Митрополија на Струмичката епархија.

Ваква одлука денеска едногласно беше донесена од членовите на Советот на Општина Струмица на 48. седница. 

Предлог-одлуката за давање на трајно користење на објект на МПЦ-Струмичка православна епархија пред советниците ја образложи градоначалникот Костадин Костадинов.

-Ние сме една од ретките општини, една од ретките епархии, коишто немаат своја Митрополија и тоа мораме да го корегираме. За таа цел одлучивме Стариот суд, за кој што од страна на Општината се обезбедени заштитно-конзерваторски извештаи, подготвен е проект, изготвена е пресметка и за рушење и за градење на Митрополијата и би сакал со нив да ги запознаам и советниците и граѓаните. Потребните средства за урнување би биле 1.404.962 денари, а за изградба на Митрополијата 31.257.631 денари согласно пресметките. Убеден сум дека Струмичката епархија заедно со силна поддршка на Општина Струмица и заедно со многу одговорни компании ќе успееат да го реализираат она што навистина го заслужуваат верниците од Општина Струмица, рече Костадинов.

На денешната седница беа усвоени и предлог одлуките за продолжување на работното време на угостителските објекти за време на карневалските празнувања и  за спроведување на превентивна дезинсекција, дезинфекција и дератизација на подрачјето на Општина Струмица за 2025 година, како и други одлуки и решенија од различни области.рт/

Фото: Општина Струмица

Остани поврзан