• сабота, 23 ноември 2024

На локалните избори во Пијанечко-Малешевскиот регион 14 кандидати за градоначалници со 15 советнички листи

На локалните избори во Пијанечко-Малешевскиот регион 14 кандидати за градоначалници со 15 советнички листи
Берово, 12 септември 2021 (МИА) - Во Берово на претстојните избори четворица кандидати ќе ја бараат довербата од граѓаните во трката за градоначалник на Општина Берово. Како што информираше Славчо Страторски, претседател на Општинската изборна комисија во Берово, освен кандидатурите за градоначалници, поднесени се и пет советнички листи, со кои неколку партии ќе настапат на претстојните локални избори. -За кандидати за градоначалник на Берово со свои кандидати излегоа париите Интегра,  Родина, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Што се однесува до советничките листи, заедничка советничка листа имаат поднесено партиите ЛДП и ДОМ, како и партиите Родина, Интегра, СДСМ и коалицијата составена од повеќе партии како и ВМРО-ДПМНЕ со коалициските партнери, истакна Страторски. До Општинската изборна комисија како што додаде, не се поднесени независни кандидатури за градоначалник со советнички листи. Претседателката на Општинската изборна комисија во Пехчево, Мануела Станоевска Стоилковска информираше дека во оваа општина поднесени се три кандидатури за градоначалник и четири советнички листи. -Кандидатури за градоначалник на Општина Пехчево имаат поднесено СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со нивните коалициски партнери, додека имаме и една независна кандидатура за градоначалник. Сите тие имаат и сопствени советнички листи на кои се придодава и советничката листа на ТМРО без нивни кандидат за градоначалник, истакна Станоевска Стоилковска. Претходно од Општинската изборна комисија во Делчево информираа дека во Делчево и Македонска Каменица, вкупно седум кандидати поднеле кандидатура за градоначалник. Од нив во Делчево СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ имаат сопствени кандидати со советнички листи, како и партијата Левица која на локалните избори во Делчево ќе настапи со сопствена советничка листа без кандидат за градоначалник. Во Македонска Каменица, вкупно пет кандидати за градоначалник ќе ја бараат поддршката од граѓаните. Од нив тројца кандидати се независни, додека двајца се кандидати од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Во оваа општина поднесени се и пет советнички листи од кои три независни и по една на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со коалициските партнери. вс/вј/  

Остани поврзан