• вторник, 20 јануари 2026

На ЛА Лејкерс не им помогнаа ниту ефикасните Дончиќ и Џејмс

На ЛА Лејкерс не им помогнаа ниту ефикасните Дончиќ и Џејмс

Лос Анџелес, 16.јануари 2026 (МИА) – Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс претрпеа пораз на ноќешниот дуел против Шарлот со 117:135. Нити 39-те поени на Лука Дончиќ и 29-те на Леброн Џејмс не беа доволни да се спречи триумфот на Шарлот. Во редовите на гостите исклучително расположен беше Ламело Бол, кој постигна 30 поени од кои девет тројки, а имаше и 11 асистенции.

Натпреварот беше решен во вториот период кои гостите го добија со 34:16. „Езерџиите“ имаат пад во формата особено што ова им е четврти пораз во низа.

Резултати на ноќешните натпревари: Детроит – Феникс 108:105, Хјустон – Оклахома Сити 91:112, Мајами – Бостон 114:119, Сан Антонио – Милвоки 119:101, Далас – Јута 144:122, Голден Стејт – Њујорк 126:113, Портланд – Атланта 117:101 и ЛА Лејкерс – Шарлот 117:135. мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан