• сабота, 28 декември 2024

На „Криволак“ брифинг за претстојната вежба „Одлучен удар 21“

На „Криволак“ брифинг за претстојната вежба „Одлучен удар 21“
Скопје, 14 мај 2021 (МИА) - Министерката за одбрана Радмила Шекеринска заедно со началникот на Генералштабот, генерал потполковник Васко Ѓурчиновски денеска на Криволак ќе учествуваат на брифинг за новинари за претстојната вежба „Одлучен удар 21“. Вежбата „Одлучен удар – 21“ ќе се реализира во периодот од 17  мај до 2 јуни 2021 година на АП „Криволак“ со учество на околу 1500 припадници од армиите на САД, Грција, Бугарија и од Република Северна Македонија. Оваа вежба и вежбата „Trojan Footprint 21“ која деновиве завршува на полигонот „Криволак“, се дел од големата мултинационална НАТО вежба „Defender Europe 21“ чија цел е зголемување на подготвеноста, развој на интероперабилноста, меѓусебни односи и доверба помеѓу сојузничките армии. За активностите на вежбата ќе говорат командантот на Командата за операции, генералот Павле Арсоски, Директорот на Вежбата полковник Блаже Николовски, одбранбеното аташе на САД, полковник Питер Рауел и професорот од Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип, Дејан Мираковски. Во изминатиов период, инженериските единици на македонската и американската армија реализираа повеќе активности за уредување на полигонот Криволак со што придонесоа за беспрекорно реализирање на вежбовните активности. бк/бак/

Остани поврзан