• сабота, 23 ноември 2024

На Копакабана - симболични гробови за жртвите на коронавирусот во Бразил

На Копакабана - симболични гробови за жртвите на коронавирусот во Бразил
Рио де Жанеиро, 12 јуни 2020 (МИА) - Симболични гробови за жртвите на коронавирусот во Бразил, осамнаа на можеби најпознатата бразилска плажа - Копакабана, во Рио де Жанеиро. Пред легендарниот хотел „Копакабана палас“ во песокот беа ископани 10 реда дупки. Пред секоја се наоѓаше црн крст со бразилското знаме. „Ова е протест против низата грешки што ги направи Федералната влада во справувањето со хуманитарната криза во Бразил“, објави невладината организација Рио де Паз на Твитер. Taa e основана заради борба, пред сè - против насилството во градот. Сè тоа потсетува на сликата од различни места во светот каде што коронавирусот предизвика копање на бројни свежи гробови - особено во градот Манаус во северната бразилска сојузна држава Амазонас. Десничарскиот претседател Жаир Болсонаро, според акктивистите, - во неколку наврати умислено го минимизирал нивото на пандемијата, нарекувајќи ја „Ковид-19 грип“. Додека Болсонаро е посветен на економските политики, вирусот продолжува да се шири во земјата. Во Бразил досега има скоро 40.000 мртви, а повеќе од 800.000 се заразени, од вкупно 210 милиони жители.  си/

Остани поврзан