• недела, 28 јули 2024

На композиторот Љупчо Константинов ќе му биде врачена наградата „11 Октомври“

На композиторот Љупчо Константинов ќе му биде врачена наградата „11 Октомври“

Скопје, 11 октомври 2023 (МИА) - Државната награда „11 Октомври“ за 2023 година денеска во Собранието на Република Северна Македонија ќе му биде доделена на композиторот Љупчо Константинов. 

Наградата, како што соопшти Министерството за култура, на Константинов му се доделува за животно дело во областа на културата и уметноста. 

Со државната награда „11 Октомври“ се оддава највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и во другите дејности од јавен интерес. 

Државната награда ја доделува Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври“, составен од претседател и 12 члена. дма/лв/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан