• среда, 18 декември 2024

На карате тренерот Пачуку од Дебар, официјално врачена меѓународната лиценца за акредитиран тренер

На карате тренерот Пачуку од Дебар, официјално врачена меѓународната лиценца за акредитиран тренер

Дебар, 11 декември 2024 (МИА) – На тренерот на дебарскиот карате клуб „Дибра“, воедно тренер и на македонската карате репрезентација, Дурим Пачуку, и официјално му е врачена меѓународната лиценца за акредитиран тренер.

- Ова за мене значи многу, а секако и за македонскиот карате спорт. Задоволството е големо бидејќи сега, со оваа лиценца(козам) ќе може да настапувам како тренер во Youth league i Серија A, без која не може да се настапува во овие лиги. Искажувам голема благодарност до моето семејство и на сите оние кои во текот на годините ме поддржуваа на мојот пат, на кој, добив и светска лиценца, рече за МИА, Пачуку.

Тој, на почетокот на септември годинава, успешно го помина предизвикот за лиценцирање Accreditet Choac на Светската карате федерација WKF во Јесоло Венеција, Италија, каде македонската карате репрезентација учествуваше на Светското првенство.

Пачуку 25 години се занимава со карате спортот. Освен што бил успешен како поединец, освојувајќи медали, на многу натпреварувања на различни нивоа, тоа сега го продолжува со членовите на клубот „Дибра“. вт/

Фото: КК „Дибра“

Остани поврзан