• четврток, 26 декември 2024

На ИФФК „Браќа Манаки“ претставен кинематограферот Франц Лустиг

На ИФФК „Браќа Манаки“ претставен кинематограферот Франц Лустиг

Битола, 27 септември 2023 (МИА) - Германскиот кинематографер Франц Лустиг, директор на фотографија во филмот „Соврешени денови“, на прес конференција во Битола изјави дека целиот филм го снимил со камера од рака.

Според Лустиг, снимањето со статична камера по малку го губи контактот со актерите, додека со камера од рака успеал да ги направи најубавите слики во филмот кои се гледаат низ повеќе сцени.

Интересно е што дел од песните во филмот „Совршени денови“ беа работени по завршување на снимањето, а тоа значи дека дел од музичките нумери мораше да се преработат. Во последниот кадар од филмот снимав преку стакло за да изгледа како да влегувам во светот на актерот, а тоа со други зборови беше многу трогателна сцена, полна со емоции...едноставно извонредна сцена.

На фестивалот во Кан, филмот „Совршени денови“  доби награда за најдобра машка улога.

ИФФК „Браќа Манаки“ продолжува со проекции од студентска програма, докунентарна програма, кратка програма, како и филмовите во конкуренција за наградите златна, сребрена и бронзена „Камера 300“.

Вечер во кино Манаки ќе биде приредна специјална проекција во чест на Шејмус Мекгарви, годинешен добитник на специјална награда златна „Камера 300“ за особен придонес во светската филмска уметност. мт/

Фото: МИА

 

Остани поврзан