• петок, 26 јули 2024

На ИФМ во Битола монодрами од Бугарија и Турција

На ИФМ во Битола монодрами од Бугарија и Турција

Битола, 27 мај 2024 (МИА) - Интернационалниот фестивал на монодрама продолжува со монодрамски претстави од Бугарија и Турција.

Пред битолската публика ќе настапат актерот Севар Иванов од Софија, кој ќе ја одигира монодрамата „Кученцето се насмеа“ работена според романот „Прашај ја прашината“ од Џон Фанте во режија на Ана Батева, а веднаш потоа, на големата сцена на НУ Центар за култура ќе настапи Седа Елхан од Истанбул која ќе ја изведе монодрамата „Куќата на Нора“ од Хенрик Ибзен во режија на Јешим Кочак и Јале Керабикер.

Интернационалниот фестивал на монодрама годинава слави јубилеј 25 години, основан е на иницијатива на Љупка Пајевиќ, тогашна директорка на битолскиот Дом на култура, а се одржува со поддршка на Министерството за култура и Општина Битола. мт/дма/

Фото: Општина Битола

Остани поврзан