• недела, 24 ноември 2024

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 804 пациенти, има слободни кревети

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 804 пациенти, има слободни кревети
Скопје, 2 декември 2020 (МИА) - Во изминатите 24 часа во ковид - центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 804 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, соопшти Министерството за здравство. Во болницата во Битола се хоспитализирани 80 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 62 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 46 пациенти, во Велес се лекуваат 54 болни, а во Куманово 110 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид - центарот во Охрид има хоспитализирано 95 пациенти, во Прилеп 123, во ковид - центарот во Гостивар 52, а во Струга 30 болни. Во болницата во Струмица лежат 62 пациенти, во Кочани 15, во Кичево 20, Кавадарци 40, а во Гевгелија 15 лица позитивни на коронавирусот. Вкупната бројка пациети позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1256 и има колку 180 празни болнички кревети во ковид центрите. Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла. Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени, стои во соопштението. рп/ац/

Остани поврзан