• петок, 27 декември 2024

На „Интерфест“ во Битола поетска вечер посветена на Славко Јаневски

На „Интерфест“ во Битола поетска вечер посветена на Славко Јаневски
Битола, 10 октомври 2022 (МИА) - Интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест“ продолжува со поетска вечер и музички рецитал кои ќе бидат изведени во битолскиот Офицерски дом. Публиката во Битола ќе посведочи на избрани дела од големиот опус на македонскиот поет, писател, прозаист Славко Јаневски (1920-2000) кои ќе ги изведе доајенот на македонското глумиште, битолскиот актер Петар Мирчевски. Според програмата, поетската вечер ќе продолжи со музички рецитал на уметникот од Турција, Хисеин Сермет кој на пијано ќе изведе дела од Шуберт и Лист. Во последните два фестивалски денови, утре и во среда навечер, во Офицерски ќе настапат Кристијан Солдан пијанист од Германија, а годинава свеченото отворање им е доверено на членовите на битолскиот камерен оркестар и гостите од Италија, пијанистите Рафаеле Д’Анџело и Марија Рита Панела. мт/мд/

Остани поврзан