• сабота, 28 декември 2024

На излез од државата приведено лице барано за „загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај“

На излез од државата приведено лице барано за „загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај“

Скопје, 7 јануари 2024 (МИА) - Во текот на вчерашниот ден на Граничниот премин „Долно Блаце“ на излез од државата бил лишен од слобода П.Б. од Скопје за сторено кривично дело „загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај“.

Како што соопштуваат од МВР, при извршување на пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција било констатирано дека за него има активна мерка „апси“, на барање на Одделението за потраги. 

Тој бил приведен и предаден на полициски службеници за понатамошна постапка

-На 06.01.2024 во 20.10 часот на Граничниот премин „Долно Блаце“, на излез од државата, бил лишен од слобода П.Б.(39) од Скопје. Имено, при извршена пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција било констатирано дека за него има активна мерка „апси“, на барање на Одделението за потраги, за сторено кривично дело „загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај“ по чл.303 ст.2 од Кривичниот законик. Тој бил приведен и предаден на полициски службеници за понатамошна постапка, стои во соопштението на МВР. ра/аа/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан