• четврток, 26 декември 2024

На зеленилото на Булеварот „Илирија“ во Дебар се напасуваат овци, остра реакција на општината

На зеленилото на Булеварот „Илирија“ во Дебар се напасуваат овци, остра реакција на општината

Дебар, 17 јули 2023 (МИА) - Општина Дебар реагираше во однос на појавата на негрижа за општествениот имот од несовесни граѓани, со фрлање отпад надвор од определеното место за тоа, како и на оштетување на светилки поставени на кружните текови во градот.

Во реакцијата на веб страницата на општината се наведува последниот од низата случаи, каде претпладнево, на зеленилото на Булеварот „Илирија“ се напасува поголема група овци.

-Ова е граѓанската несовест на некои лица кои сè уште немаат поим каде живеат. Општинскиот инспектор излезе на терен за да преземе соодветни мерки, стои во објавата.

Се посочуваат и примери каде наместо во контејнер отпад се става до нив, што се забележани и од безбедносните камери кои се поставени на повеќе места во градот.

-Не фрлајте отпад надвор од определените места за тоа. Да ја зачуваме хигиената што е во интерес на сите нас. И покрај апелите оваа појава и понатаму е присутна, за што ќе следуваат ригорозни казни, порачуваат од општината.

Се наведуваат и примери на оштетени светилки поставени на кружните текови во градот, кои се хортикултурно уредени но уништени од несовесни граѓани. вт/вј/

Фото: Општина Дебар

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан