• понеделник, 23 декември 2024

На домувањето да му се даде поголемо значење, недостатоци во Законот за домување

На домувањето да му се даде поголемо значење, недостатоци во Законот за домување
Скопје, 4 октомври 2022 (МИА) - Домувањето е исклучително важно за секој граѓанин. Најголеми проблеми со кои се соочуваат граѓаните произлегуваат од детектираните недостатоци во Законот за домување како и многу слабата контрола над управителите, а тоа е резултат на немање инспектори за домување во општините кои вршат надзор над работата на управителите кои се лиценцирани за домување. Ова се дел од заклучоците од денешната панел дискусија посветена на предизвиците со домувањето во земјава, која се одржа по повод Светскиот ден на живеалиштата во светот - 6 Октомври. Настанот го спроведе Организацијата за домување и станари (ОДС), со поддршка на Олоф Палме Интернационалниот центар. Претседателот на Регулаторната комисија за домување на Македонија, Зоран Маџовски на панел дискусијата истакна дека во нашата држава на домувањето му се дава поголемо значење во последните 11 години откако постои Регулаторната комисија за домување. Иако домувањето системски е регулирано, сепак Маџовски смета дека треба да му се даде поголемо значење. -Ова, пред се, важи за урбаните општини кои скоро да не го третираат домувањето иако тоа е во надлежност и примарно за општината. Најголеми проблеми со кои се соочуваат граѓаните произлегуваат од детектираните недостатоци во Законот за домување, како и многу слабата контрола над управителите а тоа е резултат на немање инспектори за домување во општините кои вршат надзор над работата на управителите кои се лиценцирани за домување, потенцираше Маџовски. Според него, важно е да се спомне дека граѓаните не се доволно информирани и сметаат дека Регулаторната комисија за домување врши надзор, и најчесто се жалат до комисијата за своите проблеми. -Регулаторната комисија за домување воопшто не е надлежна да врши надзор над законитоста на имплементирање на Законот за домување. Тоа е исклучива надлежност на општинските инспектори за домување. Нов тренд е формирање на населби од затворен тип каде што управувањето на домувањето однапред е многу добро регулирани и овој тренд допрва ќе има значителен подем.Значителен е трендот на издавање станови под закуп на подстанари, но овој момен сметам дека не е законски доволно покриен и треба да му се посвети значително внимание, рече Маџовски. Ива Петрунова, магистер инженер во архитектура и доктор од областа на општествените науки од полето на социологијата, важно е домувањето да се планира во поширок економски, социолошки, културен и еколошки контекст. -Мора да се акцентира важноста на рамномерното планирање на сите градови, а не само на главниот град и негативната страна на пренаселеноста и прекумерното градење, кое не значи развој на заедницата, туку напротив - злоупотреба на просторот во градот и градските вредности, наведе Петрунова во свое обраќање на панел дискусијата. Претседателката на Здружението ОДС, Маја Сталеска на панел дискусијата потенцираше дека е потребна сеопфатна анализа и ставање на домувањето на приоритет на државно ниво и во програмите на политичките партии. -Посветената работа за унапредување на условите за домување и станарските права ќе продолжи, истакна Сталеска.бт/лв/

Остани поврзан