На денешен ден
- 1679.- Умрел холандскиот писател Јост ван ден Вондел, најплоден и најзначаен книжевник на холандскиот барок. Пишувал патриотски, сатирични и пригодни песни, а со драмите пишувани на библиски,
5 февруари 2020 (МИА)
1679.- Умрел холандскиот писател Јост ван ден Вондел, најплоден и најзначаен книжевник на холандскиот барок. Пишувал патриотски, сатирични и пригодни песни, а со драмите пишувани на библиски, антички и историски теми значително влијаел на европската литература. Драми: „Пасха“, „Паламед“, „Хизбрехт ван Амател“, „Луцифер“, „Јефта“.
1783.- Од земјотресот во Калабрија (југозападен полуостровски дел на Италија) загинале околу 50.000 луѓе.
1840.- Роден е шкотскиот пронаоѓач Џон Бојд Данлоп, кој во 1887 година ја измислил пневматската гума. Изумот го комерцијализирал во 1890 година, во прво време произведувајќи гуми за велосипеди, а подоцна и за автомобили, што бил еден од најважните услови за забрзан развој на автомобилската индустрија.
1840.- Роден е британскиот конструктор на оружје, од американско потекло, Хајрем Стивенс Максим, чиј митролез конструиран во 1884 година е наречен „максим“.
1885.- Белгискиот крал Леополд Втори го прогласил Конго за личен имот под назив Независна држава Конго.
1914.- Во Сент Луис е роден Вилијам Бароуз, американски писател. Најпознат е по романот „Гол ручек“. Умрел во Лоренс, на 2 август 1997 година.
1917.- Мексико станало Федеративна република составена од 29 сојузни држави, со девет територии и со еден федерален дистрикт (главниот град и неговата околина), врз основа на новиот мексикански устав кој бил напреден во многу одредби. Со неговото усвојување завршила долгогодишната борба меѓу мексиканските фракции.
1919.- Роден е грчкиот државник и економист Андреас Папандреу, прв социјалистички премиер на Грција. Бил шеф на владата од 1981 до 1989 и од 1993 до јануари 1996 година, кога се повлекол поради болест. Во 1974 година го основал Сегрчкото социјалистичко движење (ПАСОК).
1959.- Роден е Гоце Коларовски, истакнат композитор, научник, општествен деец, професор и декан на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Умрел во 2006 година.
1971.- Американските космонаути од вселенскиот брод „Аполо 14“ се спуштиле на површината на Месечината.
1974.- Американската вселенска сонда „Маринер 10“, која била лансирана на 3 ноември 1973 година, ја надлета планетата Венера на височина од 6.000 километри и за првпат ја снимила оваа планета.
1982.- Шеснаесет африкански земји во Дакар ја ратификувале конвенцијата за основање на панафриканска новинска агенција Пана.
1983.- Во Лион бил затворен Клаус Барби, озогласен нацист и еден од шефовите на Гестапо во Франција. По гнасните злосторства за време на Втората светска војна „Џелатот од Лион“, обвинет за смртта на илјадиници француски патриоти, се криел во Боливија 32 години.
1988.- Врховниот суд на Советскиот Сојуз ја укинал пресудата со која во март 1938 година биле осудени и потоа убиени Николај Бухарин, Алексеј Ериков и низа други високи советски партиски и државни раководители. Сите осудени биле рехабилитирани, бидејќи обвиненијата биле измислени по налог на Сталин.
1990.- Советскиот претседател Михаил Горбачов на партискиот пленум рекол дека Комунистичката партија мора да се откаже од монополот во власта.
1993.- Умрел американскиот режисер, сценарист и продуцент Џозеф Лео Менкевиц, добитник на два Оскара за режија и два за сценарио. Филмови: „Се за Ева“, „Писма за трите жени“, „Јулиј Цезар“, „Клеопатра“, „Босоногата контеса“, „Бегство“, „Луѓето ќе зборуваат“, „Тивкиот Американец“, „Пет прсти“.
1997.- Три најголеми швајцарски банки, по силниот меѓународен притисок по шокантните откритија за нивната соработка со германските нацисти во Втората светска војна во криењето богатство одземено од убиените Евреи, основале хуманитарен фонд од 100 милиони швајцарски франци за жртвите на холокаустот.
2006.- Иран го повлекол својот амбасадор од Данска во знак на протест поради објавувањето на стрипот за пророкот Мухамед во весникот на Јиландс Постен.
2007.- Американскиот астронаут Сунит Вилијамс постигнал рекорд во престој на жена во отворен простор во вселената, вкупно со три излези, во траење од 22 часа и 27 минути. Меѓутоа, американските астронаути не успеале да постигнат апсолутен рекорд, бидејќи рускиот космонаут Анатолиј Соловјов, престојувал во космосот 77,5 часа.
2008.- Умрел Махариши Махеш Јоги, духовен водач на Движењето на трансцендентала медитација, кое го основал во 1957 година. Махараши ја стекнал светската популарност со специфичната техника на медитации во шеесетите години од 20 век, кога за неговото учење се заинтересиралелегендарните„Битлси“.
2016.- На 85-годишна возраст починал американскиот астронаут Едгар Мичел, шестиот човек кој бил на Месечината. Во 1971 година Мичел поминал повеќе од девет часа на површината на Месечината. Тој тврдел дека доживеал „просветлување“ во вселената и подоцна се посветил на проучување на умот и необјаснивите феномени. Мичел, исто така, тврдел дека вонземјани ја посетиле Земјата.
###