• среда, 13 ноември 2024

На денешен ден

На денешен ден
6 февруари 2020 (МИА) - Национален празник на Нов Зеланд 1564.- Роден е англискиот писател Кристофер Марлоу кој битно влијаел врз Вилијам Шекспир. Дела: „Тамерлан Велики“, „Д-р Фаустус“, „Евреинот од Малта“, „Едвард Втори“. 1685.- Умрел англискиот крал Чарлс Втори Стјуарт, син на Чарлс Први кој бил погубен во граѓанската војна во 1649 година. Чарлс Втори Стјуард станал монарх во 1660 година, по укинувањето на републиката која била воспоставена во 1653 година од Оливер Кромвел. 1793.- Умрел Карло Голдони, италијански комедиограф. Познати негови дела се: "Мирандолина", "Рибарски караници", "Скржавец", "Коцкар" и други. 1802.- Роден е англискиот физичар Чарлс Витстоун, пионер на телеграфијата. Toj го пронашол методот за одредување на електричниот отпор, а ги истражувал  и електрицитетот, светлината и звукот. 1804.- Умрел Џозеф Пристли, англиски материјалистички филозоф, физичар и хемичар. Ги открил кислородот, амонијакот, хлороводородот, сулфурната киселина, азот-диоксидот и јаглеродниот диоксид. Роден бил на 13 март 1733 година. 1893.- Во Охрид умрел Григор Прличев, еден од темелните македонски писатели од 19 век. Меѓу најпознатите негови остварувања се поемите "Сердарот" и "Скендербег", како и познатото дело "Автобиографија". Со поемата "Сердарот", која ја напишал во своите студентѕски години и за која на поетски конкурс во Атина добил Ловоров венец, ја историски ја верификувалголемината на својотпоетски таелнт. Ова поетско дело и до денешен ден според многу елементи на епското пеење се уште не е надминато. Роден е во Охрид, на 30 јануари 1830 година. 1897.- Роден е бразилскиот филмски режисер, сценарист и продуцент Алберто де Алмеида Кавалканти. Филмови: „Ивет“, „Воз без очи“, „Капетан Фракас“, „Одморот на ѓаволот“, „Николас Никлби“, „Првиот џентлмен“, „Земјата е секогаш земја“, „Газдата Пунтила и неговиот слуга Мати“. 1897.- Грчкиот остров Крит добил автономен статус во рамките на турското царство, што било последица на масовното востание кое избило на Крит. Островот Крит на Грција и припаднал по Балканските војни во 1913 година. 1899.- На Филипините избувнало востание против американската окупациска армија. По Американско-шпанската војна, САД ги приграбиле Куба, Порторико и Филипини, што го означило крајот на шпанското колонијално царство. 1911.- Роден е американскиот политичар и државник Роналд Реган. Републиканец, а на почетокот на својата кариера и актер. Од 1967 до 1974 година бил гувернер на американската држава Калифорнија. Како претседател на САД од 1981 до 1989 година се залагал за цврста монетарна политика, го либерализирал пазарот, ги намалил државните трошоци и инфлацијата и придонесол за зголемување на вработеноста во САД. Успешно ја решил кризата со американските заробеници во Иран и ги подобрил односите со поранешниот Советски Сојуз. Десет денови по неговата инаугурација за претседател, врз него бил извршен атентатпо кој му била направена хируршка интервенција. Починал на 5 јуни 2004 година. 1912.- Родена е Ева Браун. Официјална сопруга на германскиот диктатор Адолф Хитлер му станала еден ден пред заедничкото самоубиство во еден берлински бункер на кон крајот на април 1945 година. 1922.- Во Вашингтон завршила конференцијата на претставниците на САД, Велика Британија, Франција, Италија, Белгија, Холандија, Португалија, Јапонија и Кина на била извршена нова поделба на колонии и биле одредени сферите на влијание на Далечниот Исток и Тихиот Океан. Договорот што бил потпишан на конференцијата предвидувал почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Кина. Истиот ден, "петтемина" (САД, Велика Британија, Јапонија, Франција и Италија) потпишале Договор со кој се ограничувало поморското вооружување на земјите потписнички. 1931.- Родена е аргентинската танчерка, потоа државничка Марија Естела Исабелита Мартинес, позната како Исабела Перон. Била претседател на Аргентина од 1974 до 1976 година. Функцијата шеф на државата ја стекнала по смртта на својот сопруг Хуан Перон. Претходно во 1973 година станала потпретседател на Аргентина, а од власта е тргната по воениот удар, по што била затворена од 1976 до 1981 година. 1932.- Роден е францускиот филмски режисер Франсоа Трифо, еден од творците на „новиот бран“ во францускиот филм. Со светска слава се стекнал уште со првиот филм „400 удари“, снимен во 1959 година. Други филмови: „Жил и Џим“, „Американска ноќ“ (Оскар), „Приказна за Адела“, „Пукајте на пијанистот“, „Дивото дете“, „Сосетка“, „Последно метро“, „Украдени бакнежи“. 1945.- Во Скопје почнала со работа првата предучилишна установа "Орце Николов". 1952.- Умрел британскиот крал Џорџ Шести, кого го наследи ќерката, кралицата Елизабета Прва. 1974.- Во Сен Џорџ, главен град на Гранада, била прогласена независност на овој остров - држава во Карипското Море. Гренада 300 години била британски колонијален имот. 1985.- Во Охрид умрел Тодор Зографски, македонски револуционер и општествено-политички работник. Во 1929 година од страна кралскиот суд (на Кралството Југославија) за заштита на државата заедно со група македонски револуционери, бил осуден на робија. Подоцна активно ја помагал НОВ на Македонија, поради што бил интерниран. 1989.- Умрел францускиот филмски режисер Андре Жан Кајат. Иако се бавел со адвокатура, новинарство и со пишување сценарија, светската слава ја стекна како режисер. Филмови: „Сите ние сме убијци“, „Огледало со две лица“, „Љубовниците од Верона“, „Правдата е задоволена“, „Премин преку Рајна“. 1992.- Република Турција ја признала Република Македонија. 1993.- Умрел американскиот тенисер од африканско потекло Артур Еш. Тој бил првиот црнец играч кој со триумфот во Вимблдон во 1975 година успеал да победи на Грен слем турнирот. Умрел од сида бидејќи бил заразен од вирусот на оваа болест по трансфузијата на крв при операција на срце. 1994.- Шефот на опозициските социјалдемократи Марти Ахтисари ги добил првите директни претседателски избори во Финска, победувајќи ја министерката за одбрана Елизабет Рен. 1995.- Два вселенски брода од по 100 тони - најголеми кои некогаш биле споени во вселената, се сретнале во првото американско-руско вселенско „матине“ после 20 години. 1996.- Јован Теговски стана првиот амбасадор на Република Македонија при Европската унија. 1997.- Конгресот на Еквадор го сменил претседателот Абдал Букарам, прогласувајќи го за непресметлив. 2000.- Вршителот на должност претседател на Русија, Владимир Путин изјавил дека се завршени операциите во главниот град на Чеченија, Грозни, од кој се исфрлени исламските терористи. 2000.- Поранешниот фински шеф на дипломатијата Тари Халонен победила на претседателските избори, станувајќи прва жена шеф на држава во историјата на Финска. 2004.- Во експлозија која ја активира исламски бомбаш-самоубиец во метро во Москва загинале најмалку 40 луѓе. 2007.- Умрел Френки Лејн познат американски пејач кој со серија хитови стана еден од најпопуларните музичари во 50-тите години од минатиот век. Со својот препознатлив баритон и песните како што се "That`s My Desire", "Mule Train", "Jezebel", "I Believe" i "Rawhide", Леон бил еден од „претплатените“ на топ-листите се до појавувањето на рокен-ролот. Во текот на седумдецениската кариера продал повеќе од 100 милиони плочи. Имал широк репертоар кој опфаќал џез, блуз и кантри музика.  ###

Остани поврзан