• сабота, 23 ноември 2024

На денешен ден

На денешен ден
23 јануари 2020 (МИА) 1516.- Умрел шпанскиот крал Фердинанд Втори и Петти Католички (како Фердинанд Втори владеел со Арагонија, а како Фердинанд Петти со Кастиља и Леон). Неговото доаѓање на престолот на Арагонија во 1479 година го означило почетокот на историјата на обединувањето на Шпанија. 1556.- Се случил најкатастрофалниот земјотрес во историјата на светот во густонаселената покраина Шенски во Кина, во кој се проценува дека загинале околу 830.000 луѓе. Огромниот број жртви се должел на тоа што населението живеело во вештачки пештери (тнр. јаодунг), ископани во растресита глина. 1719.- Со обединување на Вадуц и Шеленберг создадено било кнежеството Лихтенштајн. 1783.- Во Гренобл е роден Мари Анри Бејл, познат под псевдонимот Стендал, основоположник на големата епоха на францускиот реализам. Во својот роман "Црвено и црно" се покажал како одличен хроничар, аналитичар и критичар на француското општество во времето на реставрацијата. Најпознат негов роман е "Пармскиот катузијански манастир". Умрел во 1842 година. 1806.- Умрел англискиот државник Вилијам Пит Младиот, кој во 1783 година станал најмладиот премиер во историјата на Велика Британија. Додека бил премиер до 1801 и од 1804 до 1806 година, водел експанзивна колонијална политика, а во Индија ја зацврстил британската власт реформирајќи ја адмиистрацијата. Како заколнат непријател на Француската револуција, бил главен организатор на европската коалиција против револуционерната и Наполеонова Франција. 1832.- Во Париз е роден Едуард Мане, француски сликар, непосреден претходник на импресионистите. Неговото платно "Појадок во природа", претставува една од првите слики, со која отстапил од конвенционалниот академски начин на сликање. Најмногу сликаше во масло и тоа портрети (Зола, Клемансо, Пруст и други), но една од најомилените теми му била сликањето во природа. Умрел во Париз, на 30 април 1883 година. 1862.- Во Цариград умрел Димитрија Миладинов, македонски народен преродбеник, поет, учител, публицист и научник. Беил собирач на народни умотворби и основач на македонската етнографија. Неговата поезија е со изразит лирски темперамент, а неговото творештво се состои од неколку лирски целини. Заедно со својот помлад брат Константин водел организирана борба против хеленизацијата.  Роден бил во Струга, во 1810 година. 1878.- Роден е Отон Жупанчич, еден од најголемите словенечки поети. Во своето творештво, уметнички ги одразил националните и социјалните проблеми на својот народ. Словенечката поезија ја збогатил со слободен ритам и динамичен стил. Негови познати збирки се "Чаша на опојноста", "Цицибан", "Преку полињата" и други. Умрел во Љубљана, на 11 јуни 1949 година. 1891.- Роден е италијанскиот револуционер и теоретичар Антонио Грамши, озновач на Комунистичката партија на Италија во 1921 година. Ги уредувал весниците „Il grido del popolo“, „Avanti“ и „Ordine nuovo“. 1898.- Роден е рускиот филмски режисер Сергеј Михајлович Ејзенштејн, еден од најголемите теоретичари и стилисти  во светскиот филм. По професија бил архитект и во почетокот цртал плакати, работел како сценограф и театарски режисер кој внесувајќи новини тежнеел кон чисти релаистички елементи и во театарот. Филмови: „Штрајк“, „Октомври“, „Старо и ново“, „Сентиментална романса“ (снимен во Франција), „Да живее Мексико“, „Александар Невски“, „Иван Грозни“. Книги: „Филмски чувства“, „Филмски облик“. 1901.- Во Солун турската полиција ги уапси Александар Ников, секретар на ЦК на ТМРО и Милан Михаилов, службеник во ЦК на ТМРО. Тоа бил и почетокот на една од најкрупните провали која имала тешки последици за ТМРО. 1928.- Родена е француската филмска актерка Жана Моро, која се прославила во филмовите на францускиот „нов бран“ по Втората светска војна. Филмови: „Љубовници“, „Опасна врска“, „Модерато кантабиле“, „Ноќ“, „Жил и Џим“, „Процес“, „Ева“, „Дневникот на една собарка“, „Вива Марија“, „Катарина Велика“. Според сопствено сценарио го режирала филмот „Светло“. 1931.- Умрела руската балерина Ана Павловна Павлова, најголем балетски уметник на класичниот стил во почетокот на 20. век. Кариерата ја почнала во Петроград настапувајќи заедно со прочуениот Вацлав Нижниски во Рускиот балет на Сергеј Жагиљев. Потоа основала своја сопствена група со која настапила ширум светот, посебно воодушевувајќи ја публиката со играта во балетите „Лебедовата смрт“, „Пепертуки“, „Лебедово езеро“, „Жизела“, „Рајмонда“. 1944.- Умрел норвешкиот сликар Едвард Мунк, светски препознатлив по сликата „Крик“. 1957.- Роден е Влатко Стефановски, македонски гитарист. За новата 1976 година Влатко, Бодан,Кокан и Димитар го оформиле „Леб и сол“, во кој Влатко (за дваесет години постоење) бил мошне успешен лидер и најплодотворен член. Во текот на 20-те години на „Леб и сол“ биле снимени 12 албуми и музика за филмски, театарски, телевизиски дела... Како најистурен играч во групата ги напишал незаборавните: „Не сум твој“, „Бранова должина“, „Кумова слама“, „Жива рана“, „Како какао“, „Скопје“, „Чукни во дрво“... И натамеу остварува успешна кариера на македонски и еден од најуспешните регионални лидери на уметноста на гитарата. 1968.- Во севернокорејските води морнарицата на ДНР Кореја го заробила американскиот брод "Пуебло", кој служел како пловечка шпионска станица и бил опремен со најмодерни апарати за прислушкување и за дешифрирање. Случајот "Пуебло" предизвикал голема напнатост во односите меѓу двете земји. ДНР Кореја подоцна го ослободила екипажот кој се вратил во САД. 1969.- Роден е Никола Ристановски,  македонски театарски, филмски и телевизиски актер. Ристановски е роден во чешкиот град Острава,  а кога имал седум години, со семејството се преселил во Тетово.По завршувањето на Факултетот за драмски уметности во Скопје станал дел од Македонскиот народен театар во 1994 година. Во текот на својата кариера играл во над 40 претстави и во 15 филмови при што освоил 28 меѓународни и македонски награди, со што тој е најнаградуваниот македонски актер. 1973.- Американскиот претседател Ричард Никсон соопштил дека е постигната спогодба за окончување на воените непријателства со Виетнам. 1989.- Умрел шпанскиот сликар Салвадор Дали, ексцентрик со висок стил, еден од најголемите сликари во 20. век. Тој ги потресол темелите на сликарството. Поминал низ фазите на футуризмот, кубизмот и апстрактниот рационализам, за да се задржи на надреализмот, секогаш со цртежите изведени до перфекција. Во триесеттите години ги насликал делата кои предизвикаа - шок „Големиот мастурбатор“, „Предвидување на граѓанската војна“. Работел и како костимограф и сценограф во филмовите на Лаус Буњуел - „Андалузиско куче“ и „Златна доба“. Го напишал автобиографското дело „Тајниот живот на Славадор Дали“. 1991.- Конституирано било првото повеќепартиско еднодомно Собрание на Град Скопје. За претседател е избран Милан Талевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. 1992.- Претседателот на владата на Естонија Едгар Сависар поднесол оставка поради недостаток на храна и енергија во неговата држава која се отцепила од Советскиот Сојуз. 2000.- Повеќе од милион луѓе демонстрирале во центарот на Мадрид против обновувањето на кампањата на насилство од страна на баскиската терористичка организација ЕТА. 2000.- Во Скопје умрел Александар Христовски, македонски писател. Негови познати дела се „Коњи под месечина“, „Кореја“ и „Којче од Коњари“. Роден бил во селото Лазарополе, на 24 мај 1933 година. 2000.- Во Скопје умрел Владимир Шопов, македонски поет и публицист, син на познатиот поет Ацо Шопов. Автор бил на неколку книги поезија за деца, меѓу кои „Луцида интервала“, „Креда“ и други. Роден бил во Белград, на 16 декември 1948 година. 2000.- Во Битола умрел Ранко Струмениковски, македонски академски сликар, еден од најугледните македонски мајстори на ликовната графика, цртежот и дизајнот. Роден бил во 1936 година. 2002.- Новинарот на „Волстрит журнал“ Даниел Перл го киднапираа исламски терористи во Карача, во Пакистан, додека се обидувал да воспостави контакт со пакистанските радикални исламистички групи. Киднаперите го убиле на 22 февруари. 2003.- Умрел италијанскиот индустријалец Џовани Ањели кој семејната автомобилска компанија „Фијат“ ја преобразил во еден од најзначајните светски произведувачи на автомобили. Ањели, чиј дедо во 1899 година ја основал компанијата во Торино, станал извршен директор во 1963-та, а претседател во 1966 година, останувајќи на таа функција во „Фијат“ 30 години. 2004.- Европскиот сателит „Марс експрес“ испратил снимки од мразот на јужниот пол од Марс. 2005.- Македонија и Тајланд воспоставиле дипломатски односи. 2006.- Во железничка несреќа во близина на Подгорица загинале 46 патници, а 364 биле повредени, кога воз на релацијата Бијело Поле - Бар излетал од шините и се превртел во бездна длабока повеќе од 30 метри. ###

Остани поврзан