• сабота, 23 ноември 2024

На демонстрантите во Мјанмар им се закануваат затворски казни до 20 години

На демонстрантите во Мјанмар им се закануваат затворски казни до 20 години
Јангон, 15 февруари 2021 (МИА)  - Воените власти во Мјанмар денеска ги предупредија демонстрантите дека, доколку им се спротивстават на вооружените сили, им се заканува казна затвор до 20 години. Би-Би-Си пренесе дека заканата со долги затворски казни се однесува на секој кој ќе се утврди дека поттикнува „омраза и презир“ кон лидерите на воениот удар, соопштија воените власти на Мјанмар. Измените на законот се најавени во моментите кога оклопни возила патролираат по улиците на градовите низ Мјанмар, каде што последните денови илјадници граѓани демонстрираат барајќи ослободување на премиерката Аунг Сан Су Чи и враќање на демократијата во земјата. сд/

Остани поврзан