• недела, 24 ноември 2024

На Демир Капија и се одобрени 551.878,00 евра за приоритетни инвестиции за водоснабдителни и канализациски системи, пречистителни станици и опрема

На Демир Капија и се одобрени 551.878,00 евра за приоритетни инвестиции за водоснабдителни и канализациски системи, пречистителни станици и опрема

Демир Капија, 1 август 2023 (МИА) - Општина Демир Капија се најде на листата на Министерството за животна средина и просторно планирање, со одобрени средства за реализација на приоритетни инвестиции за водоснабдителни и канализациони системи, пречистителни станици и опрема, во вкупна вредност од 551.878,00 евра. За ова попладнево информираше демиркапискиот градоначалник Лазар Петров. 

Градоначалникот нагласи дека ова е од  огромно значење за општината. Тој искажа благодарност до Министерството и министерката Каја Шукова, за безрезервната поддршка што ја даваат на општината

- Продолжуваме заедно да градиме посигурна и поквалитетна општина за сите и гарантираме уште многу развојни проекти за Демир Капија, додаде Петров. свд/сст/


Фото : МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан