• четврток, 19 декември 2024

На Дани Алвеш ќе му се суди за силување

На Дани Алвеш ќе му се суди за силување

 

Барселона, 31 јули 2023 (МИА) – Судот во Каталонија објави денеска дека на бразилскиот фудбалер Дани Алвеш ќе му се суди за сексуален напад, кривична категорија која во Шпанија вклучува силување.

Алвеш, кој е во притвор од јануари оваа година, е обвинет за сексуален напад кој, наводно, го извршил во ноќен клуб во Барселона во декември лани.

Доколку биде прогласен за виновен се соочува со затворска казна од шест до 12 години.

Датумот на судењето сè уште не е прецизиран, соопшти судот.

Поранешниот бразилски репрезентативец и фудбалер на Барселона, Јувентус и ПСЖ се очекува да остане во притвор до почетокот на процесот, бидејќи судот веќе во два наврати го одби неговото барање привремено да биде пуштен на слобода.

Алвеш во својата фудбалска кариера освои 40 трофеи, а најмногу успеси имаше во дресот на Барселона во кои освои 23 трофеи. ег/
ФОТО: Твитер

Остани поврзан