• недела, 24 ноември 2024

На грчкиот остров Родос откриени над 88 илјади таблети „Каптагон“

На грчкиот остров Родос откриени над 88 илјади таблети „Каптагон“
Атина, 16 февруари 2022 (МИА) – Во торба оставена во близина на плажа, на грчкиот остров Родос, крајбрежната служба на Грција открила 44 пакувања со 88.880 наркотични таблети „Каптагон“, што се нарекуваат и „дрога на џихадистите“, јави дописничката на МИА од Атина. Како што соопштија од грчката крајбрежна служба, поради близината на морето, дел од дрогата била натопена со морска вода што ги уништила таблетите. Поконкретно, од 44-те пакувања, уништени биле наркотичните таблети во 27 пакувања, со вкупна тежина од околу четири и пол килограми, во 12 пакувања со тежина од над 13 килограми, дел од дрогата била уништена, а пет од пакувањата биле празни. -Проценетата на вкупна количина во 44 пакувања е 88.880 таблети. Централната пристанишна служба на Родос, која спроведува истрага, ја конфискуваше дрогата и ќе биде испратена за дополнителна анализа во Хемиската служба на Родос, соопштија од грчката крајбрежна служба. На фотографијата што ја објавија заедно со соопштението, на пакувањата во кои се таблетите „Каптагон“ има лепенки со свастика. ср/сд/ Фото: Крајбрежна служба на Грција

Остани поврзан