• среда, 25 декември 2024

На грчкиот остров Закинтос пронајдени 800 килограми експлозивен материјал

На грчкиот остров Закинтос пронајдени 800 килограми експлозивен материјал
Атина, 22 јануари 2021 (МИА) – Во напуштена куќа во село на грчкиот остров Закинтос, полицијата пронашла 800 килограми амониум нитрат, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина. Според локалните медиуми од островот, експлозивниот материјал бил спакуван во 32 пакувања по 25 килограми, а куќата во која што бил пронајден е напуштена, бидејќи изгорела во пожар, кој пред неколку години го зафати овој дел на Закинтос. ср/гт/

Остани поврзан