• недела, 06 октомври 2024

На граничните премини Богородица и Табановце се чека околу 30 минути

На граничните премини Богородица и Табановце се чека околу 30  минути

Скопје, 21 април 2023 (МИА) - На граничните премини Табановце и Богородица времето на чекање е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од Авто - мото сојузот на Македонија.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

 Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. бд/дма/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан