• среда, 27 ноември 2024

На ГП Делчево фатени три лица со лажни ПЦР-тестови

На ГП Делчево фатени три лица со лажни ПЦР-тестови
Делчево, 25 февруари 2021 (МИА) - Двајца турски државјани и еден виничанец се лишени од слобода, откако на граничниот премин Делчево приложиле фалсификувани негативни ПЦР-тестови. По утврдувањето на фалсификатот, како што стои во соопштението од МВР, лицата биле предадени на Одделот за прекуграничен криминал при Регионалниот центар Исток со седиште во Делчево.
На 24.2.2021 вo 21:30 часот на Граничен премин „Делчево”, полициски службеници ги лишиле од слобода М. Д. (20) од Виница и Г. Е. (28) и Ф. Ц. (30), двајцата од Република Турција, затоа што на увид приложиле негативни ПЦР-тестови за кои, по извршени проверки, било утврдено дека се фалсификат. Лицата биле придадени на инспектори од Одделот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија при Регионалниот центар за гранични работи Исток, сдевели в осоопштението од полицијата.
Како што додаваат оттаму, за лицата врз база на утврдениот фалсификат ќе биде поведена понатамошна постапка. вс/лв/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан