• вторник, 12 ноември 2024

На ГП „Богородица“ се чека околу 45 минути

На ГП „Богородица“ се чека околу 45 минути

Скопје, 24 јули 2024 (МИА) - Поради зголемена фреквенција на возила, на граничниот премин „Богородица“ за излез од државата се чека околу 45 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. мд/

Фото: МИА архива 

 

 

Остани поврзан