• сабота, 23 ноември 2024

На голф-терен во Австралија се појавиле шест ајкули

На голф-терен во Австралија се појавиле шест ајкули

Канбера, 30 октомври 2023 (МИА) - На поле за голф во Австралија мистериозно се појавија шест ајкули. И, тоа 10 години по повторното отворање на голф-клубот „Карбрук“, откако 17 години бил затворен, меѓу другото, и поради овие „гости“, објави „Си-ен-ен“.

Слатководното езеро близу голф-теренот, на околу 14 километри од Тихиот Океан е пример дека тн. бикова ајкула може да преживее секаде. Иако потекнуваат од топлите и тропските солени води, овие ајкули имаат органи прилагодени да ја задржуваат ним потребната сол, што им овозможува да навлезат и во слатководни средини, што би се покажало смртоносно за другите видови ајкули.

- Се раскажува дека ајкулите се агресивни кога ќе дојдат во допир со луѓето. Но, кога ќе ги доживеете во толку непосредна близина и ќе сфатите колку се убави и грациозни, тогаш едноставно само им се воодушевувате, изјави управителот на клубот, Скот Вагстаф.

Теренот лани бил потопен во најлошата поплава кога било забележана во оваа област, а Вагстаф всушност посакува поплавата да ги зголеми надежите дека ајкулите би се вратиле во езерото во близина. Само времето ќе покаже дали има можности за тоа, но „Карбрук“ размислува и за опстојување без својата „маскота“, т.е. разгледува можности езерото да се исуши заради нов голф-терен.  си/

Фото: Википедија

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан