• недела, 23 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

На ВМА во Белград почина 19-годишно момче - шеснаесетта жртва од уривање на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад

На ВМА во Белград почина 19-годишно момче - шеснаесетта жртва од уривање на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад

Белград, 21 март 2025 (МИА) - На Воено-медицинската академија (ВМА) во Белград денеска почина лице кое се лекувало по уривањето на бетонската настрешница на реконструираната железничка станица во Нови Сад на 1 ноември 2024 година, јави дописникот на МИА од Белград. Тој е шеснаесетта жртва од уривањето на настрешницата. 

Лицето - на возраст од 19 години и ученик во средно училиште во Нови САД - било примено на ВМА во крајот на јануари откако претходно се лекувало во Клиничкиот центар во Војводина.

„И покрај сите преземени мерки за лекување и максималната посветеност на персоналот на ВМА, пациентот им подлегна на сложените повреди и компликации. Упатуваме најдлабоко сочувство до семејството на починатиот В.Ц.“, се вели во соопштението од ВМА.

На училишната зграда е истакнато црно знаме, а граѓаните им се придружија на учениците и професорите во оддавањето почит на загинатиот млад човек. Студентите во блокада го сменија логото на социјалните мрежи - на црна позадина е испишан бројот 16. зш/

Остани поврзан