• среда, 18 декември 2024

На владина седница поминала одлуката за вториот дел од унгарскиот заем, средствата ќе бидат наменети за еврообврзницата

На владина седница поминала одлуката за вториот дел од унгарскиот заем, средствата ќе бидат наменети за еврообврзницата

Скопје, 10 декември 2024 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски вечерва објави дека на денешната владина седница е помината и одлуката за вториот дел од унгарскиот заем во износ од 500 милиони евра. 

Овие средства, како што изјави Мицкоски, ќе бидат оперативни од следната година и ќе бидат наменети за раздолжување за еврообврзницата земена од претходната влада. 

-Овие средства се потребни затоа што на 25 јануари истекува еврообврзницата земена во 2018 година од претходната влада. Со тоа ќе се раздолжиме т.е. која и да било идна влада ќе нема обврска да исплаќа еврообврзница, рече Мицкоски во вечерашната отворена дебата на Македонската радио телевизија. 

Средствата од првиот дел од кредитот во износ исто така од пола милијарда евра се наменети за компаниите и за локалните самоуправи. бак/вј/

Фото: Принтскрин

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан