• сабота, 28 декември 2024

На Венера е пронајден гас што на Земјата е признак на живот

На Венера е пронајден гас што на Земјата е признак на живот
Хјустон, 15 септември 2020 (МИА) - Во атмосферата на Венера се откриени траги од гасот фосфин, што може да навести досега непознати за науката процеси на оваа наша соседна планета. Имено, тоа ги покренува претпоставките дека може да има живи организми во облаците во Венера, бидејќи присуството на фосфинот на Земјата е признак на живот, објави Би-би-си. Фосфинот е гас чија молекула се состои од еден атом на фосфор и три атоми на водород. На Земјата, соединението се поврзува со живот, т.е. со микроби кои живеат во цревата, на пр., на пингвините или во средини со послабо присуство кислород, како што се мочуриштата. Фосфинот на Земјата е запалив, има мирис и е отровен, а го произведуваат бактерии на кои не им е потребен кислород. Така, се поставува прашањето - од каде потекнува фосфинот на Венера? Со оглед на сè што знаеме за Венера, никој сè уште не е во можност да го опише абиотскиот пат до фосфинот, барем не за откриените количини. Тоа значи дека животниот извор на фосфин е можен. си/

Остани поврзан