• четврток, 26 декември 2024

На Вајнстин сепак ќе му се суди за силување во Лос Анџелес

На Вајнстин сепак ќе му се суди за силување во Лос Анџелес
Лос Анџелес, 30 јули 2021 (МИА) - Судот во Лос Анџелес не го прифати предлогот на одбраната - да се отфрлат три обвиненија за силување против поранешниот холивудски продуцент Харви Вајнстин. Додека пак, обвинителството ќе треба го измени четвртото, како што пресуди судијката Лајза Ленч. Вајнстин (69), кој беше осуден на судењето во Њујорк лани, се соочува со вкупно 11 нови обвиненија за силување и сексуални напади, од пет жени во Калифорнија, меѓу 2004 и 2013 година. Некогаш еден од најмоќните луѓе во Холивуд, би можел да добие казна затвор и од 140 години доколку биде осуден по сите 11 точки од обвинението. Поранешниот холивудски продуцент Харви Вајнстин се изјасни за невин пред судот во Лос Анџелес по четири точки од обвинението за силување и седум други точки за сексуален напад. Беше екстрадиран во Калифорнија од Њујорк, каде што веќе отслужува 23 години казна затвор за сексуална злоупотреба и силување.  си/

Остани поврзан