• петок, 27 декември 2024

На Бледскиот стратешки форум ќе се дискутира за соработката во Јадранско Море и за европскиот туризам

На Бледскиот стратешки форум ќе се дискутира за соработката во Јадранско Море и за европскиот туризам

Блед, 2 септември 2021 (МИА) - Бледскиот стратешкиот форум денеска продолжува со дискусии за соработка во Јадранското Море, активности на Медитеранот и иднината на европскиот туризам, а исто така ќе се разговара и за декарбонизацијата на транспортот, вселенската индустрија и соработката помеѓу ЕУ и Индија.

На панелот под наслов Нов ветер на Јадранот ќе се разговара за подобрена соработка на северот на Јадран, особено во рамките на неодамна воспоставената трипартитна соработка помеѓу Словенија, Хрватска и Италија. На панелот ќе учествуваат шефовите на дипломатијата на трите земји Анже Логар, Гордан Грлиќ-Радман и Луиџи ди Мајо.

На попладневниот панел, Логар ќе разговара за активностите на Медитеранот со министрите за надворешни работи на Шпанија, Малта, Грција, Кипар и Португалија. Покрај шефот на словенечката дипломатија, на панелот за соработка ЕУ-Индија во индо-пацифичкиот регион ќе учествува и индискиот министер за надворешни работи Субраманјам Џајшанкар.

На последниот ден од 16. БСФ, на учесниците ќе им се обрати белоруската опозиционерка Светлана Тихановскаја, на панелот за Источното партнерство на ЕУ, јави СТА. ми/

Остани поврзан