• среда, 25 декември 2024

На Бит Пазар приведен криминалец баран со потерница

На Бит Пазар приведен криминалец баран со потерница

Скопје, 13 јануари 2021 (МИА) - Полициски службеници од Оперативнииот тим на МВР денеска на подрачјето на Бит Пазар привеле криминалец баран со потерница.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, од слобода бил лишен  скопјанецот Е.Ј. (48) по наредба од Основниот Суд Скопје 1 за издржување на казна затвор од 5 години и 5 месеци во врска со кривично дело по член 235 став 1 од Кривичниот законик.

Во соопштението се дополнува дека тој бил спроведен во КПУ Идризово за издржување на казната. ар/сп/

Остани поврзан