• недела, 28 јули 2024

На Беровско езеро во тек е потрага по телото на 14 годишник од Берово

На Беровско езеро во тек е потрага по телото на 14 годишник од Берово
Берово, 2 јули 2022 (МИА) - Во тек е потрага по телото на 14 годишник кој се удавил во водите на Беровско Езеро. Екипи на ОВР Берово се на местото на несреќата, каде повеќе од еден час го пребаруваат теренот околу Беровско Езеро. Телото на младото момче се уште се бара во водата, а се очекува во секој момент да пристигне и нуркачка екипа. вс/цр

Остани поврзан