• среда, 25 декември 2024

На американската амбасадорка во Москва и беше врачен демарш поради нападот на Украина врз Севастопол

На американската амбасадорка во Москва и беше врачен демарш поради нападот на Украина врз Севастопол

Москва, 24 јуни 2024 (МИА) - На американската амбасадорка во Москва, Лин Трејси, денеска и беше врачен демарш поради ракетниот напад на Украина на плажата во Севастопол на Крим, со напомена дека Русија подеднакво ги обвинува Вашингтон и Киев за тој напад, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

„Ваквите акции на Вашингтон нема да останат без одговор“, соопшти Министерството.

Во соопштението за медиумите се наведува дека демаршот му бил доставен на американскиот амбасадор во руското Министерство за надворешни работи, пренесе РИА Новости. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан