• среда, 25 декември 2024

На аеродромот во Минхен приведени осум климатски активисти

На аеродромот во Минхен приведени осум климатски активисти

Берлин, 18 мај 2024 (МИА) – Германската полиција приведе осум климатски активисти кои упаднаа на аеродромот во Минхен. Аеродромот по два часа повторно почна со работа, но можни се доцнења на некои летови.

Шест климатски активисти се залепија на две места на пистата на аеродромот во Минхен. На еден од транспарентите пишуваше „Проблемот е владата, а не нашиот празник“.

Протестот беше организиран од климатската група „Лас џенерејшн“ (Last Generation), која и претходно имаше вакви акции.

Поради протестот на климатските активисти од аеродромот во Минхен беа откажани 60 летови. ми/

фото: Икс

Остани поврзан