• понеделник, 06 јануари 2025

На аеродромот во Дамаск од 7 јануари ќе има меѓународни летови, објави сириската цивилна авијација

На аеродромот во Дамаск од 7 јануари ќе има меѓународни летови, објави сириската цивилна авијација

Дамаск, 4 јануари 2025 (МИА) - Сириската управа за цивилно воздухопловство објави дека од 7 јануари на главниот аеродром во Дамаск повторно ќе има меѓународни летови.

Сириската новинска агенција, исто така, објави дека меѓународните цивилни летови до и од Дамаск ќе продолжат следната недела, откако беа откажани кога опозициските сили го зазедоа аеродромот минатиот месец.

„Објавуваме дека од вторник ќе започнеме да прифаќаме меѓународни летови до и од меѓународниот аеродром во Дамаск“, се вели во соопштението на Сириската управа за цивилно воздухопловство, цитирана од агенцијата, која забележува дека авиони со меѓународна помош веќе слетуваат во Сирија.

Претходно оваа недела, катарската авиокомпанија „Катар Ервејс“ објави дека од вторник ќе ги обнови летовите за Дамаск.

Домашните летови на аеродромот во Дамаск беа обновени на 18 декември, десет дена откако беше соборен на 8 декември тогашниот претседател Башар ал Асад, кој владееше со Сирија повеќе од две децении, и ја напушти земјата додека бунтовниците напредуваа кон сириската престолнина. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан