• сабота, 23 ноември 2024

На Австралија опен 2021 присуствуваа над 130 илјади гледачи

На Австралија опен 2021 присуствуваа над 130 илјади гледачи
Мелбурн, 21 февруари 2021 (МИА) - На годинашното издание од Грен слемот Австралија опен присуствуваа повеќе од 130 илјади луѓе за 14 дена, информира прес-службата на турнирот на Твитер. На последниот натпревар, денешното финале меѓу Србинот Новак Ѓоковиќ и Русинот Даниил Медведев присуствуваа 7.426 гледачи. Да потсетиме, мечевите на Австралија опен првите пет дена беа без гледачи поради ограничувања поврзани со коронавирусот. Од 17 февруари трибините на терените во Мелбурн беа исполнети 50 проценти. зс/

Остани поврзан