• сабота, 28 декември 2024

На авион на Јунајтед ерлајнс му паднало тркало за време на полетувањето

На авион на Јунајтед ерлајнс му паднало тркало за време на полетувањето

Денвер, 9 јули 2024 (МИА) - Јунајтед ерлајнс соопшти дека уште еден нејзин авион го изгубил главното тркало на опремата за слетување за време на полетувањето, практично повторувајќи го инцидентот од март, по што Федералната управа за безбедност на транспортот нареди безбедносна проверка на компанијата.

-Никој не беше повреден на летот 1001 на Јунајтед, а Боингот 757-200 полета од Лос Анџелес вчера околу 7:15 часот по локално време и слета на аеродромот во Денвер во 10:10 часот, изјави портпаролот на компанијата, а пренесе Блумберг.

Тркалото е пронајдено во Лос Анџелес, соопшти Јунајтед ерлајнс, без дополнителни детали.

Инцидентот е многу сличен на оној во март, кога Боинг 777-200 изгуби тркало набргу по полетувањето од Сан Франциско на лет за Осака, принудувајќи да слета на аеродромот во Лос Анџелес. Во инцидентот тогаш никој не беше повреден, но на видео снимката се гледа моментот кога тркалото паднало и ги оштетило возилата на паркингот. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан