• среда, 25 декември 2024

Најџел Фараж ќе го бојкотира Би-Би-Си ако не му се извини

Најџел Фараж ќе го бојкотира Би-Би-Си ако не му се извини

Лондон, 30 јуни 2024 (МИА) - Најџел Фараж, лидерот на британската десничарска партија Реформа УК, најави дека ќе го бојкотира Би-Би-Си, обвинувајќи го јавниот сервис за пристрасност поради специјалната емисија „Време за прашања", во која беше засипан со прашања за имиграцијата, здравствената заштита и расистичките и хомофобичните забелешки на активистите.

Фараж беше прашан зошто неговата партија привлекува „расисти и екстремисти" и го критикуваа за неговиот став за имиграцијата, пренесе порталот „Политико“.

Потоа на платформата Икс напиша дека публиката била „местена" и наведе дека одбива да се појави во емисијата „Недела со Лора Кунсберг" освен ако Би-Би-Си не се извини.

Фараж исто така рече дека Би-Би-Си "се однесувал како политички актер за време на сите избори“.

- Реформа (УК) ќе води енергична кампања за укинување на таксата за лиценца, додаде тој.

Водителката на Би-Би-Си Фиона Брус рече дека публиката претставува "мешавина на сите политички чувства". ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан