• сабота, 06 декември 2025

Најуспешните ученици од општина Илинден на летен камп во Охрид

Најуспешните ученици од општина Илинден на летен камп во Охрид

Скопје, 17 јуни 2025 (МИА) - Општина Илинден го организира традиционалниот училишен летен камп кој ќе се одржи во Охрид, како награда за најуспешните ученици од општинските основни училишта. 

Како што информираат од општината проектот е дел од Програмата за работа на градоначалникот Александар Георгиевски и Стратешкиот план за развој на Општина Илинден 2022–2026, со фокус на поддршка, мотивација и развој на младите генерации.

-Учениците ги посети лично градоначалникот Георгиевски, кој во пријатна и мотивирачка атмосфера им порача дека вложениот труд и стекнатото знаење се најголемото богатство, кое секогаш ќе биде препознаено и наградено. Општина Илинден останува доследна во својата заложба да креира позитивна средина за раст и развој на младите, со јасна визија – ваквите проекти да продолжат и во иднина, стои во соопштението. свс/мд/

Фото: Општина Илинден

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан