• недела, 24 ноември 2024

Најубавите плажи во Велика Британија

Најубавите плажи во Велика Британија
Лондон, 4 февруари 2022 (МИА) - Пролетта се ближи, па многумина сѐ повеќе размислуваат за одмор, патувања... Велика Британија обично не важи за сончева дестинација, но барем според она што повремено се објавува на Инстаграм, и оваа земја има што да понуди. Следат најубавите плажи на Островот. На врвот на списокот е „Кајнанс Коув“ во Корнвол, второто место ѝ припадна на плажата „Брајтон“ во Источен Сасекс, а трета е „Фистрал Бич“, исто така во Корнвол. Списокот 10 најубави британски плажи го надополнуваат „Бич Скарборо“ (Јоркшир), заливот Ботани Беј (Кент), „Сигроув Бич“ (Островот Вајт), „Порткарно Бич“ (Корнвол), Бигбери-он-Си (Девон), „Дардл Дор“ (Дорсет) и Лох Морлих (Гленмор).  си/

Остани поврзан