• сабота, 28 декември 2024

Најтопол 8. март во Москва во последните 140 години

Најтопол 8. март во Москва во последните 140 години
Москва, 8 март 2020 (МИА) - Температурата на воздухот во Москва денеска се искачи на 8,5 степени Целзиусови, што е рекорд во последните 140 години, откако се мери температурата. Претходниот рекорд е од 8 март 2014 година кога беа измерени 8,3 степени. - Во текот на следните пет-шест дена се очекува слично време во Москва со температури од осум до 10 степени, изјави шефот на руската Метеоролошка агенција Роман Вилфанд. ми/

Остани поврзан