• четврток, 12 февруари 2026

Најстудено и најмногу снег на Попова Шапка

Најстудено и најмногу снег на Попова Шапка

Скопје, 11 февруари 2026 (МИА) - Најниска минимална температура од -2 степена утрово е измерена на Попова Шапка, каде што има и најмногу снег - 63 сантиметри, информираа од Управата за хидрометеоролошки работи.

Освен на Попова Шапка и во Лазарополе, насекаде во земјата температурите се над нулата. 

Според синоптичарите, времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини во северозападните делови од снег. Ќе дува умерен, а по должината на Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12 Целзиусови степени.

Во Скопје се очекува претежно облачно време, кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 11 Целзиусови степени. бд/са/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан