• петок, 27 декември 2024

Најстудено на Попова Шапка, најтопло во Гевгелија

Најстудено на Попова Шапка, најтопло во Гевгелија

Скопје, 15 февруари 2024 (МИА) - На Попова Шапка изутрина во 7:30 часот  се измерени -6 степени, -5 во Маврови Анови, -4 во Битола, Крива Паланка, Крушево и Берово, -3 во Претор и Тетово, -2 во Прилеп и Охрид, -1 во Струмица и Виница, а нула степени во Штип. Еден степен е измерен во Скопје-Петровец, два во Скопје-Зајчев Рид, три во Кавадарци и Демир Капија, четири во Дојран, пет во Велес, а шест степени во Гевгелија.

Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека на Попова Шапка има девет сантиметри снег.

На Попова Шапка наврна најмногу дожд во изминатото деноноќие, еден литар на метар квадратен.

УХМР информира дека во текот на ноќта времето беше ведро, а изутринава е сончево со слаб до умерен северен ветер.

Времето денеска ќе биде претежно сончево со слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерен, повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне 13 степени. мд/цр/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан