• среда, 18 декември 2024

Најстудено и најмногу снег на Попова Шапка

Најстудено и најмногу снег на Попова Шапка

Скопје, 8 декември 2024 (МИА) - Утрово најстудно е на Попова Шапка, каде се измерени -7 степени Целзиусови, а има и најмногу снег - 37 сантиметри, информираат од УХМР. 

Во  Скопје-Петровец се измерени -4 степени,  -3 во  Куманово и Крушево, -2 во  Скопје-Зајчев Рид, Штип, Велес, Прилеп, Демир Капија, Крива Паланка, Тетово и Маврови Анови, -1 во Струмица, Кавадарци, 0 Берово, Битола, Дебар и Претор и 1 степен во Охрид, Виница, Гевгелија.

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека снежната покривка во Маврови Анови е 35 сантиметри, а во Крушево 15 сантиметри.

Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со услови за магла по одделни котлини. Попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, пообилни во западните делови (над 15 л/м2). На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен, а попладне вдолж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец.

Максималната температура ќе достигне од 6 до 13 степени.

Во Скопје променливо облачно, претпладне со појава на магла. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд и ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Максималната температура ќе достигне до 9 степени. дма/

Фото:МИА архива

Остани поврзан