• сабота, 23 ноември 2024

Најстудено во Лазарополе, најтопло во Дојран

Најстудено во Лазарополе, најтопло во Дојран

Скопје, 4 март 2024 (МИА) - Најстудено изутрина е во Лазарополе, каде во 7:30 часот се измерени -2  степени Целзиусови, а најтопло во Дојран со 10 степени. 

Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), на Попова Шапка и Маврови Анови се измерени - 1, во Берово, Крива Паланка, Битола и Претор 1 степен, во Тетово, Крушево, Прилеп, Охрид и Дебар два, Куманово и Велес три, Скопје-Петровец и Кавадарци - четири, Скопје-Зајчев Рид, Струмица и Штип - пет, Виница и Демир Капија - шест, а во Гевгелија 9 степени.

Најмногу дожд во изминатото деноноќие наврна во Гевгелија, два литри на на метар квадратен.

Во текот на ноќта времето беше ведро со мала до умерена локална облачност и слаб локален дожд во југоисточните делови. Дуваше слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец кој во Штип достигнуваше брзина до 50 километри на час. Изутринава е променливо облачно, наместа дува слаб ветер од јужен правец.

Времето денеска ќе биде променливо облачно, а попладне и во текот на ноќта со врнежи од дожд, наместа обилни (од 20 до 40  литри на на метар квадратен) воден талог со пороен карактер и појава на ретки грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме проследени со силен ветер од јужен правец (над 70 километри на час). Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 17 степени.

Во Скопје променливо облачно, во вечерните часови и во текот на ноќта со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, попладне во делови од котлината повремено засилен ветер југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне 16 степени. мд/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан