Најстудено во Берово, најмногу снег на Шапка
- Утрово е најстудено во Берово, -6 степени, а најмногу снег има на Попова Шапка, 40 сантиметри.
Скопје, 17 декември 2024 (МИА) - Утрово е најстудено во Берово, -6 степени, а најмногу снег има на Попова Шапка, 40 сантиметри.
Како што информира УХМР, до 8:30 часот се измерени -4 степени во Тетово, -3 во Скопје-Петровец и Битола, -2 во Маврови Анови, Охрид, Прилеп, Демир Капија, Струмица, Крушево, Дебар и Велес, -1 во Крива Паланка, Претор, Штип, Куманово, Кавадарци, 0 во Скопје-Зајчев Рид и Виница, 2 на Попова Шапка, како и 6 степени во Гевгелија.
Висината на снежната покривка е 26 сантиметри во Маврови Анови и 3 во Крушево.
Утрово по одделни котлини има слаба магла. Преку денот ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне од 8 до 15 степени. Во Скопје сончево со мала облачност и претежно тивко со температура до 10 степени. мч/лв/
фото: МИА архива